Нема бизнис како ИТ бизнис
Објавено во: Економија 26 Септември, 2017
ИТ индустријата во Македонија бележи голем раст во последните 5 години, има постојан влез на нови странски компании кои отвораат свои канцеларии и регрутираат млади талентирани кадри, а се подобро се чини работат и домашните ИТ компании кои подолго време постојат, а своите софтверски производи ги продаваат претежно на странските пазари.
Ако се земат во предвид приходите само на четирите моментално најпопуларни ИТ брендови во Македонија, Асеко, Сеавус, Ендава и Хаселт ќе се добие до бројка од неверојатни 35,7 милиони евра за изминатата 2016 година.
Така нема сомнежи дека ИТ индустријата во македонија вкупно генерира промет од стотина милиони евра.
Според повеќе податоци почетната просечна плата во ИТ компаниите се движи до 400 евра, а напредните ИТ специјалисти земаат и над 1000 евра со што се меѓу најплатените во Македонија.Повеќе детали за ИТ индустријата, за остварените приходи, профити, расходите и бројот на вработени ќе може да дознаете наскоро.