23 Април, 2024
0.0254

Нема извини за клиентите за долгите чекања

Објавено во: Стил 16 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

Во Русија има најдолги редови , во Македонија никој не им се извинува на клиентите што чекаат на шалтерите или маркетите , ова го покажало истражувањето на „Mystery Shopping" спроведено во 23 земји од светот.

На прашањето „Каде во Европа се најдолгите и најбавните редови?“ одговорот е во Русија. Додека на прашањето „Каде се најдолгите редови во Европа“, одговорот е во поштите.

Тајните купувачи во Македонија во просек чекале во ред по околу 8 минути, што е една минута помалку од просекот во цела Европа. Пред тајните купувачи во Македонија имало во просек по 4 купувачи во редот, што е скоро еднакво на просекот во Европа, 4 – 5 купувачи во ред.

Фрапантен е податокот дека ниту еден од вработените во ситуација кога имало редици не се извинил на клиентите кои чекале, додека тоа во Европа во просек го направиле 56% од вработените.

Во само 13% од ситуациите кога се чекало во ред биле превземени активности за да се намали редот, што е блиску до европскиот резултат од 14%.

Во 68% од случаите во Македонија вработените ги поздравиле тајните купувачи кога доаѓале на ред, а само 39% им се насмевнувале што во споредба со европскиот просек од 60% е значително низок.

Интересен е податокот дека во Македонија 86% од тајните купувачи на прашањето Дали вработениот бил услужлив одговориле позитивно, за разлика од тајните купувачи во цела Европа каде што позитивно одговориле 70%.

На линкот подолу е целосното истражување:

http://www.swot.com.mk/uploads/2012MSPAQUEUESURVEY-resultspresentation.pdf

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган