24 Април, 2024
0.0279

Нема неонка што ќе ви го осветли патот кон успех-Овие знаци ќе ве однесат напред од статус кво ситуацијата

Објавено во: Финансии 24 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Нема билборди или блескави неонки кои ќе ви го осветлат патот кон наоѓање на вашиот повик или цел.

Многу малку луѓе инстинктивно знаат што сакаат да прават со својот живот.

Во неговата книга, Уметноста на Работата (The Art of Work), авторот и блогер, Џеф Гоинс, нуди неколку неконвенционални совети кои ќе ви помогнат да се откажете од состојбата на статус кво и да стартувате работа и живот кои се полни со страст и цел.

Во интервју дадено за Entrepreneur, тој споделил три тактики кои водат кон акција, а кои секој може да ги примени за да го идентификува својот повик.

1. Слушајте го вашиот живот.

Според Гоинс, најдоброто место да започнете со трасирање на вашата иднина е со погледнување во вашето минато.

"Еден од моите омилени цитати е од Паркер Палмер кога вели 'Пред да можам да му кажам на мојот живот што сакам да правам со него, јас треба да го слушнам мојот живот да ми каже кој сум јас,'" вели Гоинс.

Поентата на оваа тактика е да се биде повеќе свесен за она што сте го постигнале или не сте го постигнале во минатото. Намерата е да се побара обединувачка тема или шема која е постојана во текот на вашето минато искуство и која е, исто така, конзистентна со вашата страст и вештини.

Таа обединувачка шема или тема треба да ве активира откако еднаш ќе ја препознаете. Гоинс вели дека овој осврт, исто така, ќе ги идентификува оние активности во минатото кои треба да се избегнуваат како што се движите напред, бидејќи тие ве исцедиле или засилиле слабости.

"Не вервам дека вашето минато задолжително ја диктира вашата иднина, но треба да ја информира," вели Гоинс.

2. Случајно стажирање.

Реалноста е дека никој не постигнува успех или ја препознава својата животна цел сам по себе. Тоа е процес кој бара и побарува тим од ментори кои обезбедуваат водство.

Според Гоинс, овој вид на помош е насекаде околу нас - само што ние не секогаш го гледаме.

"Секоја приказна за успех е приказна за заедницата. Некои луѓе ќе ви помогнат доброволно, додека други може да придонесат за вашето образование по случајност. Ако сте мудар, можете се да искористите," вели Гоинс. "Иако секој од нас има уникатно патување, тоа е полно со учители кои можат да помогнат на патот. Вашата работа не е задолжително да ги барате, но да ги препознаете кога тие се појавуваат, бидејќи честопати тие се поблиску отколку што мислите."

3. Подгответе се за болна пракса.

Постои мит дека откако еднаш ќе дознаете што е тоа што би требало да го следите, постигнувањето на таа цел ќе биде лесно, бидејќи е во игра со вашите силни страни и страст. Тоа не е случајот.

"Парадоксот е во тоа што е тешко да се постигне нивото на екселанс што вашиот повик треба да го достигне, но таа борба за мајсторство е, исто така, возбудлива и исполнувачка. Тешко е и не секој го препознава тоа се додека не се најде таму," рекол Гоинс.

Исто како и со професионалните спортисти, музичари и уметници, очекувајте намерно да го изострувате вашиот занает до точка на исцрпеност. Во спротивно, мајсторството ќе ве избегне.

"Мелењето не е забавно. Болната пракса не е забавна, но е потребна за да се разјасни и постигне вашата цел," изјавил Гоинс.

Клучот е да се најде каде вашите способности и личен поттик се сечат со потребите на другите. Според Гоинс можете да го најдете тој спој преку одговарање на следниве три прашања:

  1. Што е тоа што го сакам?

  2. Во што сум добар/а?

  3. Што му треба на светот?

Откако еднаш тоа слатко место е утврдено нема да имате работа, па дури ни кариера. Ќе имате животна цел.

Нема неонка што ќе ви го осветли патот кон успех-Овие знаци ќе ве однесат напред од статус кво ситуацијата

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА