Добивај вести на Viber
Без поддршка од Бизнис конфедерацијата е иницијативата на дел од бизнис заедницата за промена на Законот за работни односи со која се бара отпуштање на работниците без најава.
- Во време на социо-економска криза, работодавачите треба да се консултираат со социјалните партнери за социо-економските состојби почитувајќи ги колективните договори и интерните компаниски договори за работен однос или колективниот договор на ниво на компанија. Вложените средства во безбедност и здравје, образование, обука, доквалификација и преквалификација на работниците е една од мерките за зачувување на највредниот капитал на компаниите – човечкиот капитал и ресурси кои се и основниот конкурентен капитал на компаниите, изјавија од Бизнис конфедерација.
Флексибилното пресметување на работното време, вработувањето со ваучери за уплатени социјални придонеси за привремените вработувања, како и доследното спроведување на Законот за минимална плата. се решенијата кои Бизнис кофедерацијата ѓи посочува за здржување на работниците на работните места.