НЕМА ПРЕСУДА И ДЕНЕС: Грујевски и Бошковски со качулки се појавија во Солунскиот суд
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2017
Уште еднаш е одложено рочиштето на кое требаше грчките судови да им судат за лажните пасоши на бегалците Грујевски и Бошковски по кои МВР трагаше со меѓународна потерница.
Повеќе од месец дена екс разузнавачот Горан Грујевски и екс вработениот во УБК Никола Бошковски ќе останат во соседна Грција каде што на 1 декември ќе има уште еден обид за нивно судење бидејќи и денешото рочиште се одложи.
Немањето на преведувач го одложи и ова рочиште каде со часови двајцата екс разузнавачи чекаа да им се суди.
Според информации на ТВ 24 тие се појавиле во судница со мигранти, со качулки на глава и тренерки.
Тие двајцата се обвинети во случаи на СЈО за случаите со прислушување и уништување на опремата за прислушување.