Нема шала со германска полиција - Казнет американски воен конвој
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2018
Сообраќајната полиција на Германија стана вистински хит откако полицајци сопреле воен конвој на американската армија и притоа им пишале казна и ги исклучиле од А4 автопатот.
Шест тенкови на американската армија биле превезувани од страна на приватен превозник со кого имале склучен договор, но германските сообраќајци утврдиле дека товарот е над дозволеното и дека нема уредна документација.