20 Април, 2024
0.0343

Нема веќе унифицирани казни, судиите ќе решаваат се

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Унифицираните казни за сторени кривична дела повеќе нема да се применуваат, а судиите ќе одлучуваат за казната на секој сторител поединечно согласно тежината на делото, но и на самите околности. Уставниот суд го укина законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната донесен пред три години, кој беше силно критикуван од судската и експертската фела. 

Ова значи дека судиите повеќе нема да имаат врзани раце при одредувањето на казната како што ги ограничуваше законот кој налагаше пресметка на отежителните и олеснителните околности за сторителот на кривично дело, пренесува ТВ 24.

„Судиите констаираа дека Законот е уставно проблематичен. Одлуката е донесена денеска, а ќе стапи на сила по нејзиното објавување во Службен весник по што законот повеќе нема да биде дел од правниот поредок“, велат од Уставен.

Ваков закон не постои никаде во светот велат судиите, а наместо да ја воедначи казнената политика ја загрози независноста на судиите.

„Овој закон дефинитивно дирекно навлезе во самостојноста и независноста на судството бидејќи ги загрозува и основните човекови права затоа што основната задача на казната е индвидуализацуија на кривичната санкција. Секоја индивидуа е за себе карактеристична и има свои карактеристики во делот на постапувањето и во таа насока сметаме бидејќи и самиот закон е единствен закон кој не постои никаде во Европа, ова се напуштени решенија кои функционираа во законите на САД но и таму веќе е напуштен овој начин“, вели Нанев.

„Мнозинството судии се изјаснија дека Законот треба да биде укинат, бидејќи инаку првичните размислувања не беа во насока на донесување на таков закон туку беа да се направи едно помагало односно нешто што ќе им помага на судиите во определување на казнената политика со тоа што денеска ќе чуете дека не само судиите туку и професорите се против овој закон бидејќи тој не ја псотигна целта за која е донесен. целта беше да се постигне воедначување на кзнената политика но за жал тоа не се постигна“, вели Деваја.

И адвокатите се согласни дека ваквиот закон направил судиите повеќе да не се судии.

Семеен човек со жена и деца, не направил друго кривично дело, има високо образование беа дел од олеснителните околности кои на сторителите на кривични дела им овозможуваа да добијат поблага казна. Токму за казната од една и пол година затвор за палењето на документи од УБК која ја доби Горан Грујевски овие факти беа земени предвид и покрај тоа што тој е во бегство, има обвиненија и за други кривични дела, а судот ги прифати доказите и го прогласни и него и шест службенички во Управата за виновни.


Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители