Немаат купувачи за недвижнините, квадрат е 117 евра
Објавено во: Балкан 07 Март, 2017
Во некои општини во Србија дури и по 10 години нема продадени недвижнини.
Нема купени недвижнини во Бојник, Црна Трава и Голубац.
Во овие места 10 години не е купен стан или куќа на кредит.
Замрен е пазарот и во Босилеград, Трговиште и Сврлиќ.
Освен во јужна Србија, вакви примери има и во Војводина.
Од друга страна цената на квадрат падна и изнесува на некои места и до 117 евра.
Луѓето се селат кон поголемите градови каде децата продолжуваат со образованието. Во малите места се враќаат луѓе од странство, но тие не купуваат куќи или станови, туку веќе имаат свој имот.