20 Април, 2024
0.0289

Немал од што да живее, сега козите му носат милиони годишно

Објавено во: Стил 10 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Пред речиси 20 години Лоренс Ендик, земјоделец од Кенија, живеел на работ на сиромаштвото и се борел со секојдневните проблеми на афричките земји, како што е гладот и недостигот на вода. Сепак , благодарение на козите дошол до вистинско богатство.

Откако низ програмата  Farm Afrika добил неколку кози и јарци, како би почнал со одгледување, неговото богатство почнало да се зголемува, па овој човек годишно почнал да заработува милиони кениски шилинги, благодарение на домашните животни, пренесува Дејл Нејшн.

„Тогаш добивме кози само за да можеме да преживееме, а денес заработувам прилично добро. Имам шест деца и благодарение на козите успеав да ги исшколувам и купам неколку делови земја. Сето тоа ми донесе и навистина богатство“, вели Ендик.

Оваа година, само по Божиќ, успеал да продаде 75 кози и да заработи повеќе од 1,5 милиони шилинги, односно отприлика 15 000 долари, што е и тоа како вредно богатство во неговото општество.

Како вели, тајната на сето тоа е посветеноста на работата која ја работите, а во неговиот случај е константно учење, прилагодување на домашните животни и истражување на нивните потреби, како тие би биле квалитетен производ на пазарот. А бидејќи се занимава и со земјоделие, неговите кози навистина добиваат најфина храна и се едни од најценетите на пазарот на Кенија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган