НЕОБИЧЕН ОГЛАС ЗА РАБОТА: Работи бесплатно
Објавено во: Економија, Балкан 23 Октомври, 2016
Милош Симеоновиќ, невработен медицински техничар од Ужице, соседна Србија со својот необичен оглас за работа го привлече вниманието на социјалните мрежи.
Своите услуги ги понуди бесплатно на своите сограѓани кои се стари, болни и имаат потреба од помош.
„Додека работев во болница, се случуваше да пуштиме пациент дома кој исто го зема некој постар човек, и секогаш се прашував каде да одат овие луѓе, кој се грижи за нив. Некого ќе преврзам, ќе му измерам шеќер, некого ќе го преместам до сонце, да почувствува топлина. Мислам дека сум соврешен пример за тоа како некому да се најдеме при рака. Не сакам да се експонирам, но сакам надлежните да ги чујат луѓето преку мене“ - вели тој.
Тој четири години работел во болницата во Ужице, а пред година и пол останал без работа како технолошки вишок.