НЕОБИЧНО: Во Србија света вода од цистерна
Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2017
Српската општина Јагодина денеска за Водици повторно го привлече најголемото внимание, затоа што попот осветуваше вода во цистерна.
Во градот покрај литургиите во неколку храмови, има и делење на осветена вода. Така илјадници верници дојдоа да наполнат света вода од пожарникарската цистерна.