НЕПОПУЛАРНА ЛИСТА: Ова се земји со најголема невработеност - на кое место е Македонија?
Објавено во: Економија 07 Август, 2017
Trading Economics направи листа на земји со највисока стапка на невработеност, при што една земја од регионот е на високото четврто место.
Прва е Џибути со 54% невработени, потоа следи Конго со 46.1%, Кенија 40% и БиХ 39.18%.
БиХ е најлошо рангирана пред Косово, Македонија и Грција.
На листата Косово е на 9-то, а Македонија е на 13-то место. Јужниот сосед е на 16-то место. Црна Гора е на 19-та позиција, Албанија е на 35-та, а Србија е едно место зад неа. Хрватска е 54-та на листата.
Во март БиХ беше и трета во светот со 40.87% невработени граѓани.
Најмалку невработени има во Катар, 0.10%. Камбоџа има 0.30%, а Белорусија 0.90% невработени.