20 Април, 2024
0.0258

Неповторливо AR доживување за корисниците на Македонски Телеком

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

- Искусете ја магијата на AR технологијата – на најдобрата и најсигурна мрежа

Преземете ја апликацијата Telekom AR, скенирајте го кодот од билбордите и ТВ рекламите на Телеком и уживајте

Во времиња полни со предизвици, можностите на технологијата ни пружаат ретка прилика да изградиме подобар свет околу нас, да ги реализираме своите потенцијали, да бидеме препознаени и да живееме посреќен живот.  Да го премостиме јазот меѓу виртуелниот и физичкиот свет, поинаку да гледаме и да учиме за светот околу нас.

Македонски Телеком како динамична и иновативна компанија која им овозможува на своите корисници да се  поврзуваат било каде, било кога, охрабрувајќи ги да направат повеќе, и тоа сега, денес, благодарение на најдобрата, најсигурната и најбезбедната мрежа во земјава, оди и чекор понапред  овозможувајќи им да ја доживеат на своите смартфони револуционерната Augmented Reality (АR).


Со симнување на апликацијата Telekom AR,

(за андроид) https://play.google.com/store/apps/details?id=com.telekom.ar

(за apple корисници) https://itunes.apple.com/us/app/telekom-ar/id1343665605?mt=8

скенирајќи го кодот од билбордите и ТВ рекламите на Телеком, како и стикерите на излозите во продавниците на Македонски Телеком, корисниците може да уживаат во можностите на AR технологија на најдобрата мобилна мрежа. Апликацијата им овозможува на корисниците виртуелно да го посетат прекрасниот пејсаж на пештерата Врело во кањонот Матка, да ги испитаат  виртуелните училници и да се сретнат со науката преку интерактивни 3D модели и анимации, како и да го прегледаат најновите содржини од најдобрата дигитална телевизија MaxTV.

 Со својата нова кампања Македонски Телеком ги оживува традиционалните канали на комуникација, давајќи им нова димензија. На пример, сега билбордите не се само статични рекламни паноа, туку многу повеќе. Со насочување на мобилниот телефон кон билбордот и скенирање на кодот тој “оживува” станува интерактивен и прикажува надградена реалност.


Со напредокот на технологијата и секој чекор понатаму, нашите животи стануваат побогати и полесни во секоја смисла. Револуцијата во технологијата и комуникациите го трансформираа светот повеќе од било кога во историјата на човештвото. АR или во слободен превод "подобрена/потпомогната реалност” или уште толкувана како “надградена реалност“, претставува револуционерната платформа која што им овозможува на корисниците да визуелизираат 3D модели во реална средина, во реално време и обем.

Со лансирањето на апликацијата Telecom AR, Македонски Телеком ги поканува сите да станат дел од прекрасните можности на светот – денес, користејќи ја најдобрата мрежа за полесно и побрзо учење, грижа за другите и за просперитетот на заедницата.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга