24 Април, 2024
0.0272

Неправедно осудените бараат нови судски постапки

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Враќање на правдата преку повторување на судските постапки кои биле политички монтирани предлага Комитетот за заштита на правата со нов закон. Неговиот почесен претседател, Слободан Богоевски осуден во случајот „Агент“ вели дека законот нема да им ги врати годините во притвор на стотиците неправедно осудени, но ќе ја задоволи правдата.

„Сите вие почнувајќи од мене, стално во тој период се прашувавме  можна ли е правда во оваа држава, можно ли е враќање на одземените права. Нас никој не може да ни го врати  изгубеното здравје, никој не може да ги врати животите на луѓето кои починаа во притвор – затвор  или беа пуштени дома да умрат, за да не се расипе статистиката во Управата за  извршување на санкциите“, рече Слободан Богоевски - почесен претседател на Комитетот за заштита на правата.

Членовите на Комитетот осудени во предметите Шпион, Метастаза, Кампања, Ликвидација, Змиско око и многу други велат дека не бараат милост, рехабилитација или амнестија туку пред непристрасен суд да отпочнат нова постапка со која ќе ја докажат правдата.

Експертите се согласни дека без расчистување на предметите со ознака „политички монтирани“ не можат да се спроведат вистински реформи во судството.

„Најтежок во таа група закони, а тоа е  обнова на постапката. Таму се поставува прашање, всушност кои постапки.  Сите сметаат секогаш дека се неправедно осудени Тоа е огромен број и постои опасност да се заглавите и да ви пропадне проектот, ако тоа стане огромен број на зони“, рече Љубомир Фрчковски – професор.

„Без наоѓање на правда за тие случаи не може да се каже дека правдата на било кој начин ќе се воспостави во Република Македонија и не може да се воспостави  ни довербата кон судството  и кон државните органи се додека овие случаи кои што ги знаеме како монтирани случаи на наоѓаат правда“, рече Беса Арифи – професор.

И Фрчковски и Арифи велат дека извештајот на Прибе укажува на проблемите во правосудството во Македонија и е во линија со реформите кои се подготвуваат за деблокада на судството. За двајцата особено е добар предлогот за одговорност на судиите што е единствен начин преку кој ќе профункционира казнивоста во земјава.

Извор: ТВ 24

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП