28 Мај, 2017
0.0983

Неверојатниот живот на Џеф Безос, вториот најбогат човек во светот: Од фирма во гаража стигна до компанија која вреди милијарди

Објавено во: Финансии 16 Мај, 2017

Основачот и извршен директор на Amazon Џеф Безос е меѓу највлијателните фигури во технолошката индустрија. Неговата состојба од 82 милијарди долари му придава второ место во последните изданија на топ листите на најбогатите луѓе на планетата. Како сепак успеал да постигне сè?

Безос е роден во јануари 1964 година додека мајка му е уште тинејџерка. Таа се жени за кубански имигрант кој го одгледува Џеф како свој син.

Уште како мало момче, идниот милијардер покажува исклучителен интелект. Во училиште им вели на наставниците дека "иднината на човештвото не е на оваа планета". (Денес Безос ја поседува компанијата Blue Origin која ја проучува вселената). Се обидува дури и да развие бизнис, така што организира камп за соучениците.

Откако завршил средно училиште, Безос е примен во "Принстон". Таму учи "Компјутерски науки". Дипломира и започнува работа во стартот Fitel, иако имал предлози од многу поголеми компании. Потоа пак работи за хеџ фондот D.E Shaw. Токму таму ја среќава идната сопруга Мекензи, со која се жени во 1993 година.

Година подоцна Џеф веќе сериозно размислува да создаде сопствена компанија. Го напушта хеџ фондот и се посветува целосно на оваа идеја. Така постепено се раѓа Amazon - платформа за продажба на стоки преку интернет. Првата канцеларија на фирмата се наоѓа во гаражата на Безос, а првите продажба се на книги.

Со масовното навлегување на интернет и компанијата почна да се проширува и да заработува повеќе. Безос е суров шеф, бара многу од своите вработени. Но, во исто време го охрабрува критичкото размислување и успева да ја изведе Amazon од доста проблеми.

Безос е еден од првите инвеститори во Google. Во поново време - во 2013 година - пак го купи весникот The Washington Post. Дава големи суми за добротворни цели. Негова голема страст сепак е неговата компанија Blue Origin.

"Компаниите кои не експериментираат, пропаѓаат", е примарна бизнис мотивација на сопственик на Amazon.

Можеби ќе ве интересира

ВРТОГЛАВИ СУМИ: Ова се најдобро платените директори во светот

ВРТОГЛАВИ СУМИ: Ова се најдобро платените директори во светот

Три совети на претприемач мултимилионер до кои ќе посакате да се придржувате

Три совети на претприемач мултимилионер до кои ќе посакате да се придржувате

9 вредни нешта кои успешните луѓе во бизнисот ги прават поразлично од останатите

9 вредни нешта кои успешните луѓе во бизнисот ги прават поразлично од останатите

Професии за кои не знаевте дека постојат а може да ви донесат илјадници долари

Професии за кои не знаевте дека постојат а може да ви донесат илјадници долари

Цитати кои најдобро ги опишуваат парите и колку тие се „важни“: „Постојат луѓе кои имаат пари и постојат луѓе кои се богати“

Цитати кои најдобро ги опишуваат парите и колку тие се „важни“: „Постојат луѓе кои имаат пари и постојат луѓе кои се богати“

Од чување куче до пеглање: Тројца млади создале сајт на кој заработуваат студенти и домаќинки

Од чување куче до пеглање: Тројца млади создале сајт на кој заработуваат студенти и домаќинки

Нема неонка што ќе ви го осветли патот кон успех-Овие знаци ќе ве однесат напред од статус кво ситуацијата

Нема неонка што ќе ви го осветли патот кон успех-Овие знаци ќе ве однесат напред од статус кво ситуацијата

Совети: Како да се искачите на кариерната скала и да успеете на врвот?

Совети: Како да се искачите на кариерната скала и да успеете на врвот?

ИСКУСТВО ШТО ВРЕДИ: Што научив од еден викенд со мултимилионер

ИСКУСТВО ШТО ВРЕДИ: Што научив од еден викенд со мултимилионер