29 Март, 2024
0.0235

Неверојатно е колку многу пари може да се украдат од сиромашните земји!

Објавено во: Анализа, Свет 20 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Скандалот на Кабулската Банка не е нов, но навистина е неверојатно е колку многу пари може да се украдат од сиромашните земји. Авганистан е земја која е распарчена од постојани војни, конфликти и судири. Ја имаа таа несреќа да ги напаѓаат Русите, па да владеат со нив  талибанците, па сега пак имаат несреќа што се демократија. Навистина е тешко да се претпостави дали и кога оваа земја би се опоравила економски или цело време ќе служи како територија врз која големите сили постојано ќе се си ги одмеруваат силите. Афганистан денеска има БДП од само 600 долари по глава на жител, некаде 15 пати помалку од Македонија. Долги години по рушењето на режимот на Талибанците земјата не наоѓа начин да најде излез од постојаната криза. Сепак демократијата на некои луѓе им овозоможи дебело да се обогатат. Скандалот со Кабул Банк не е нов, овие денови само трае судењето и излегуваат нови информации. Создадена е во 2004 година со цел да се исплаќаат плати на вработени во војската и обезбедувањето (се чини најдобрата индустрија во Авганистан). Со текот на времето банката растеше и се развиваше...во понзи шема. Последните истражувања покажале дека основен извор на приливи на банката биле парите од депозиторите, и тука е се ок се додека тие пари ги пласирате на некриминален начин. Но дечките од Авганистан решиле да се збогатат и тоа многу, па така само 19 луѓе добиле “кредити” во износ од скоро една милијарда долари. Тоа ќе се согласите дека се многу пари. Инаку братот на претседателот Карзаи има добиено според извештаите на банката околу 30 милиони долари таканаречен кредит. Значи тоа е класично понзи, се земале депозити не се делеле правилно кредити и банката на крајот останува без пари и пропаѓа и држвата мора да ја спасува и сега тоа тоа авганистанците ќе ги чини околу 6-7% од нивниот БДП. За земја која е на колена тоа е голема штета која треба да се плати. Аеродромот во Кабул е местото каде добар дел од парите се изнесени од државата. Овој аеродром е еден од најдобрите ако сакате да шверцувате пари. Постојат неколку ВИП премини низ кои нема воопшто да ве контролираат. Само во 2011 година од овој аеродром се изнесени 4,5 милијарди долари кеш пари. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот