26 Април, 2024
0.1503

НЕВИДЕНИ ГОРЕШТИНИ: 2017-та е втората најтопла година на планетата

Објавено во: Стил 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Првата половина на 2017 е втората најтопла година, регистрирана на планетата, пишува Асошиејтед прес. Рекордни горештини во 2017 година се регистрирани во Мексико, Западна Европа, источниот дел на Русија, Источна Африка и источниот дел на Кина.

Од Националната управа за океански и атмосферски истражувања на САД објавија дека просечната температура од јануари до јуни била 14,4 степени Целзиусови, што е за 1,6 степени повисока од просекот за 20-тиот век.

Глобалните температури се зголемиле и поради феноменот Ел Нињо. Но, дури и без тој да се земе предвид, 2017 година е втора најтопла, по 2016 година, која е обележана од Ел Нињо, забележуваат од Националната управа за океански и атмосферски истражувања на САД.

Ел Нињо е океанско топло течење кое се активира во неколку години (од 2 до 7 години) крај источниот дел на Пацификот. Течението тргнува од екваторот и оди на југ кон брегот на Еквадор, Перу и Чиле.

Еднаш на неколку години моќен поток од топли води се насочува кон тихоокеанското крајбрежје на Јужна Америка. Затоплните водни слоеви не им дозволуваат на студените богати со кислород и планктони води на Перуанскиот тек да излезат нагоре и рибните пасуси нема со што да се хранат.

Научниците сеуште не го разјасниле целосно механизмот, кој води до појава на Ел Нињо. По своите размери феноменот е толку колосален што води по себе сериозни нарушувања во нормалната циркулација на целата воздушна обвивка на Земјата. Промешаниот ритам во атмосферските процеси влијае на сушата во форма на бројни катастрофи во различни региони на планетата.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти