20 Април, 2024
0.0363

НЕВЛАДИНИТЕ АЛАРМИРААТ: Има труење на кучиња со опасен отров во градовите и селата

Објавено во: Македонија 25 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Низ Македонија масовно се трујат кучиња, тврдат од  Здруженијата за заштита на животните. 

Тие велат дека по несреќата во која четиригодишно дете беше жртва од напад на кучиња со сопственик, граѓаните масовно пријавуваат труења на бездомни животни, дури и нивно застрелување. Објаснуваат дека е расфрлан високораздорен, смртоносен отров насекаде, во градовите и селата во Македонија. Според нив, овој отров само при вдишување е фатален за животните, но и секој возрасен човек, а камоли дете. Отровот во храна е фрлан на високофреквентни локации, шеталишта, игралишта, дури и детски градинки, предупредуваат здруженијата.

„Труењата се истовремени во повеќе градови и села што укажува дека се институционално синхрозирани и реализирани. Денес до нас стигна снимка на која се снимени две лица како фрлаат отров, со кој убија повеќе маалски животни. Знаеме дека зад ова постои план и организација и се сомневаме во општините“ - соопштуваат здруженијата за заштита на животните Анима Мунди (Скопје), Анималиа (Охрид), Гласот за животните (Велес), Animal World (Струга), Мали херои (Битола), Спаси живот (Штип), Срце за животните Тиквеш (Кавадарци), ЕДЕН (Скопје), Асоцијација на активисти за правата на животните (ААПЖ).

Тие апелираат  да не се злоупотребуваат лични трагедии и несреќи за да се убиваат животните и покријат некомпетентноста, незаинтересираноста, одговорноста на институциите кои ја имаат во однос на проблемот со бездомните кучиња.

Наведуваат дека 9 од 10 угризи од кучиња, се од кучиња со сопственик, а не од бездомни. 

Трагичниот настан со искасаното дете се случи во кичевско Бачишта, но тоа не беше единствен случај деновиве. Потоа следеа уште неколку случаи каде луѓе беа каснати од куче. 

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра