Невработеноста им е рекордна, а работна сила немаат
Објавено во: Балкан 09 Март, 2017
Во Босна и Херцеговина имаат армија невработени, а работодавачите имаат проблем да најдат соодветен кадар.
Бројот на невработени лица е над половина милион.
Се смета дека проблемот е во лоши статистики, лошо поттикнување на вработувањата и несоодветна работа на Заводот за вработување.
Според податоците од „World Top 20", во БиХ има 41,75% невработени, и таа е прва во Европа по овој неславен податок, и трета во светот, а пред неа се само Конго и Џибути.
Во подобра положба според овие бројки е Авганистан, Лесото, Ангола.
Економистите во земјата велат дека и оние кои имаат работа заминуваат во странство, затоа што не гледаат перспектива.
Лани 16.653 луѓе си заминале од БиХ, а 30.000 чекаат работни визи за во ЕУ.