25 Април, 2024
0.0400

Невработеноста во Грција со нов рекорд од 22,5 проценти

Објавено во: Балкан, Економија 12 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

Невработеноста во Грција повторно се зголеми, достигнувајќи нов рекорд од 22,5 проценти во април, што е голем скок од 16,2 отсто во однос на истиот месец минатата година и повеќе од 22 отсто регистрирани во март.

Грчката статистичка служба денеска соопшти дека 307.775 лица ја загубиле работата во периодот од април 2011 година до април оваа година, што претставува 38,4 процентно зголемување. Од нив 27.493 лица ја загубиле работата меѓу март и април оваа година. Вкупниот број на невработените лица во април изнесува 1,109 милиони лица. Повеќето од половината Грци на возраст од 15 до 24 години се без работа. 

- Одредена привремена поддршка може да биде обезбедена во летните месеци, особено во туристичкиот сектор, изјави Платон Монокрисос, економист во И-Еф-Џи Јуробанк.

Според него сепак доколку се земе предвид дека невработеноста е индикатор, кој е одраз на забавувањето на економската активност, процентот на невработените можеби уште не ја достигнал својата кулминација.

Приходите од туризмот, кој е клучен сектор во Грција, кој обезбедува едно на пет работни места, оваа година се очекува да бидат слаби. Во првото тримесечие приходите од туризмот се намалија за 15,1 отсто. 

Невработеноста во Грција е двојно поголема од просечната во еврозоната, која изнесуваше 11,1 процент во мај и се приближува до таа во Шпанија, која достигна 24,4 отсто во првото тримесечие

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци