28 Март, 2024
0.0465

„Нездравиот“ старт на идниот министер за здравство

Објавено во: Анализа 19 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија толку долго е без министер за здравство што дури и член на докторски контра протести и контра пленум во овие моменти би завршил работа. Подобро министер за здравство со измешана политичка историја отколку никаков министер за здравство, во сектор кој плови без кормилар со потенцијална закана уште подлабоко да заринка во пресушениот брег со огромна смртност на новороденчиња и родилки, со постојани проблеми за пациентите кои имаат недостиг на лекови, несоодветни болнички услови, одлив на медицински кадар и нестручност, како и црни прогнози во јавните здравствени институции.

Венко Филипче, кој најверојатно ќе биде предложен за нов министер за здравство, од старт доби тежок третман, не поради својата стручност или квалификации туку поради сомнежите дека учествувал во политиките на Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ. 

Навистина зачудува изборот на СДСМ зошто токму се решиле за овој кадар, дали тоа е знак дека голем број на угледни политичари и припадници на медицинската фела бегаат од фотелјата во „здравство“ свесни за огромниот товар кој го носи и практично невозможната мисија да се остави добар впечаток во јавноста со огед на секојдневните проблеми кои искрснуваат?

Дали Заев немал друг избор па дури и еден контра-демонстрант во здравството за каков го обвинуваат Филипче е прифатливо решение по толку месеци на размислување, разгледување на опции и тактизирање на коалиционите партнери?

Без оглед на политичкото минато на Филипче и неговите можеби искрени намери како и тоа што тврди дека по грешка учествувал во професорскиот контра-пленум верувајќи дека се потпишува на иницијатива за реформи на Медицинскиот факултет, па дури и да е „тврдокорен вмровец“, зарем заслужува да биде растргнат од „сдсмовската“ јавност?

Зарем треба сите личности кои на било кој начин учествувале во работата на претходната власт дури да биле и стручњаци и да не се согласувале идеолошки со Груевски треба да се стават на листа за острел и вечно да им се забрани да вршат јавни функции? Секако, дека на лицата кои соработуваа со претходниот режим не треба да им се става целосен крај, но исто така прашање е дали пак заслужуваат политички награди како министерски позиции?

Со оглед на итноста на моментот и ако не дојде до нови претумбации и нови владини договори и Филипче остане кандидат за министер за здравство можеби и подобро е да му се даде шанса отколку да се „буричка“ во неговите претходни делувања и да покаже уште посилно пред јавноста и лекарската фела дека изборот не е случаен ниту направен по грешка и да докаже дека министерството за здравство може да биде водено професионално, надпартиски и со прва мисла на подобрување на правата на пациентите во Македонија. Што мислите вие?

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот