20 Април, 2024
0.0266

Како Воинот на коњ ја одреди судбината на локацијата меѓу Пелистер и Сити Галери?

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Прво црква, потоа седиште на Народната Банка на Македонија, сега  деловен објект со шпански скали- атрактивната локација на плоштадот Македонија меѓу Пелистер и Сити Галери ќе добие своја намена. Токму оваа локација беше причина за менување на Деталниот урбанистички план Мал Ринг и по неколку пати. Се менуваше намената, па потоа неколку пати се промени висината и површината. Првичниот план беше изградба на црква, но тогаш дојде до судир меѓу ВМРО ДПМНЕ и  ДУИ, па црквата се дислоцираше кај АРМ. По некое време за оваа парцела се заинтересира НБРМ, кои планираа токму на ова место да биде седиштето на банкарскиот систем. По неколку неуспешни обиди за избор на идејно решение со образложение дека проектите не ги задоволувале естетските и безбедносните критериуми, и НБРМ се се откажа од парцелата,  иако  со одлука на Владата земјиштето беше доделено на Народната банка на Македонија на трајно користење. А, ДУП-от  Мал Ринг повторно се враќаше на седниците во општина Центар, старите намени експресно се бришеа и на нивно место се ставаа нови. Во меѓувреме дел од архитектите постојано предупредуваа дека ваквите чести промени се лоши за инвеститорите, оти ако  кажано на секои 24 часа се менува урбанистичкиот план, тогаш тие не можат да ги испланирам работите за текот на инвестицијата. Паралелно со намените се менуваше и висината на планираниот објект. Првично беше планирано објектот да се гради на површина од 2.000 метри квадратни со висина колку една десеткатница, потоа откако надлежните сватија дека на тој начин се загрозува погледот кон спомениот Воин на коњ и Портата Македонија, планот повторно се враќаше на разгледување за да се намали висината. Но и покрај апелите од стручната јавност  дека со овој објект се затвора просторот во центарот на градот и се нарушува урбанистичкиот и архитектонскиот стил на централното градско подрачје,  власта не се откажа од предвидената маркичка за парцелата. Во текот на изборната кампања на последните локални избори, тогашното раководство на општина Центар, на итно закажана седница се обиде да протурка во сред изборен молк неколку измени за овој урбанистички и за уште неколку, меѓу кои повторно беа предложени измени за оваа атрактивна локација. Тогаш под притисок на опозицијата седницата не се одржа, па измените на планот не поминаа. Опозициските советници обвинуваа дека општината на чело со тогашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, сака набрзина да истурка измени за клучни урбанистиччки планови, само во интерес на нечии бизнис интереси. Тогаш за дел од советниците беше нејасно, зошто дел од измените за оваа локација беа во насока на зголемување на катноста на објекот, кога токму советниците од владејачката коалиција за овој објект бараа намалување на катноста за да се запази визурата на спомениците. Локацијата нема да остане празна! Министерството за транспорт и врски реши да го продава земјиштето за оваа локација. Вчера објави оглас во кој освен посебните тендерски услови, новиот газда  мора да стави фасада по претходно направено идејно решение. Според податоците од огласот, земјиштето е со површина од 1.046 метри квадратни е наменето за изградба на објект со приземје и три ката, со бруто изградена површина од 3.780 метри квадратни. Намената на објектот останува иста, за комерцијални и деловни дејности. Почетната цена изнесува 6.000 денари за метар квадратен.  Најповолниот понудувач треба да изработи основен проект врз снова на идејното решение подготвено од страна на министерството, кое пак е  во склоп со околниот амбиент, односно во неокласицистички стил.  Проект треба а добие одобрение од комисијата од министерството, па потоа одобрение за градба. Министерството понуди две идејни решенија. Едно од решенијата предвидува на плоштадот да се изградат шпански скали, како оние во Рим.  Во образложението стои дека доколку се измени урбанистичкиот план, најповолниот понудувач треба да подготви основен проект врз основа на второто идејно решение за фасадата на објектот, исто така изработено од министерството.Според условите во огласот, објектот треа да се заврши во рок не подолг од шест години од денот на добивање на градежната дозвола. На објавувањето на огласот остро реагираше сегашниот градоначалник на ошштината Центар, Андреј Жерновски -Повторно за багателна цена и на сомнителен начин,  се продава  една од најатрактивните парцели во строгиот Центар на Скопје. Поради најавената ревизија на Деталниот урбанистички план, централната власт се обидува ова да го пресретнe. Сакам да упатам јасна порака до инвеститорот добро да размисли бидејќи, веќе следната недела следува ревизија на Деталниот урбанистички план. Одобренија за градба нема да се издаваат се до конечната ревизија на ДУП-от, за кој, општината цени дека дека не е во согласност со Генералниот урбанистички планУП-от и намената на оваа површина е спорна. Одлуката е спротивна на законот и Уставот, затоа што изменувањата и дополнувањата на Деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“, не се во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје, изјави Жерновски На ваквата реакција следеше контра реакција од министерството и од ВМРО ДПМНЕ. Сопред транспорт, постапката е во рамките на законите, а изјвата на градоначалникот ја прогласија за дезинформација. Од ВМРО ДПМНЕ пак сметаат дека обвинувањата на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски  се обид да ја прикрие својата неспособност и фактот што ништо не сработил од стапување на функцијата. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите