20 Април, 2024
0.0250

(ФОТО) НИ ГРЦИЈА НИ ШПАНИЈА: Годинава оваа плажа е прогласена за најубава во Европа

Објавено во: Стил 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Малата британска плажа Росили беј во Свонси е прогласена за најубава плажа во Европа фрлајќи ја во сенка шпанската Коста дел Сол и преубавите грчки плажи.

Росли беј првично била опишана како област со извонредна природна убавина. Нејзината посебност ја сочинуваат песочни дини и брдо, па и не чуди зошто е избор на многу туристи.

„Вакво едно признание не претставува ништо ново за Росили беј, но нашата среќа што имаме една таква плажа е поголема“, изјавил Роберт Френсис Дејвис, член на секторот за туризам.

„Тоа е исто така причина зошто фотографиите од ова место редовно ги вклучуваме во нашите кампања како и онлајн огласувањата. Сакаме да поттикнеме што повеќе луѓе да ја посетат плажата во Свонси“, додал тој.

Дејвис рекол и дека туризмот на Свонси годишно му носи 400 милиони долари, но дека ова признание дополнително ќе допринесе за тоа.

Најубавата европска плажа се најде меѓу првите десет на листата светски плажи.

Росили беј популарност стекна во 2012 година за време на одржувањето на Олимписките игри во Лондон.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган