25 Април, 2024
0.0323

Ни на небо ни на земја, шест сиромашни семејства оставени сами на себе, трошните бараки заминуваат во историјата

Објавено во: Македонија 23 Април, 2017

Добивај вести на Viber

“Земете си ги бараките и ставете си ги на грб, напуштетет го местото, земјиштетот е приватно, снаоѓајте се како знаете “- ова била пораката до четириесетина диво вселени жители во поранешните бараки на општината Бутел кои со години живеат во трошни, импровизирани живеалишта. Шукрие  Зеќири повеќе од три години живее во една соба во општинската барака. Тешкиот живот и маката вели ја оставиле сама, без деца, семејство. Пред осум години се развела од сопругот, а поради тоа била отфрлена и од околината.

“Имам многу тежок живот. Млада и наивна заминав бегалка, ама ништо од мојот сон  не се оствари. Кога им кажав на моите дека се разведувам ме отфрлија. Многу тежок период минав низ животот. Сама, без помош, без поддршка од роднини или пријатели. Ми кажаа дека имало бараки напуштени и диво се вселив. Знам дека е така, ама каде да одам. Јас бев практично бездомник. Без работа, без пари. Три години живеам тука во мизерија,без вода, без основни услови за живот. На една сијалица, без греење,  ама барем со кров над глава. Жената што живее до мене ми носеше по еден оброк од народна кујна. Така преживував. Сега незнам што ќе правам. Најтешко е кога ќе останете сами, нема потешко од самотија”- вели Шукрие.

Звукот на багерите и стравот помеѓу четириесетината жители меѓу кои и мали деца бил уште еден шок за неа. Пред еден месец приватни инвеститори ги известиле дека мораат итно да се иселат. Но не очекувале дека ќе дојде и тој ден. А, сега вели е исправенапред нов проблем- каде ќе живее?

“Немав многу работи ама сепак покуќнина, садови, алишта. Се морав да спакувам во неколку торбици. Едвај успеав да изнајмам соба во Бутел 2  кај една постара жена која се нафати да ме почека за кирија еден месец. Ама само толку, ако не најдам пари за кирија ми рече нема да ме остави. Јас не знам од каде ќе ги најдам тие пари. Живеам со 4 000 денари постојана парична помош. Болна сум од многу болести, не сум способна за работа, тешко се движам. Со парите од социјално верувајте лекови не можам да купам. Па има ли некој кој може да живее со 4000 денари?”- прашува Шукрие.

Досега побарала помош од локалната самоуправа  и од надлежните институции. Вели наишла само на празни ветувања.

“Прашав во општина за социјален стан, ми викаат тешко. Прашав и во министерството и ценатрот за социјална помош- велат ќе видиме дали ги исполнуваш критериумите. Незнам што да се исполни за да земам едно собче. Не барам луксуз, јас цел живот го минав во мака. Само колку да не сум на улица. Во социјалните станови гледаме дека се вселени луѓе кои не се социјални случаи. Паркингот е полн со коли, можеби од социјална помош што примаат? Еден вработен од општината ми рече дека сме диво вселени и дека неможе никој да ни помогне, тие немале обврска за нас. А, за што имаат обврска не ми е јасно”- реагира Шукрие.

Ноќта вели ја минала со страв и нервози. И она малку што останало во трошната соба во бараката се труди побрзо да го изнесе. Слична судбина делат и нејзините соседи кои со мали деца мораат да бараат кров над глава.

“Срамота е на триесет-четириесет луѓе да не можат да им го најдат крајот. И овие бараки не беа со услови за живот, ама не сме барале повеќе. Луѓето овде се постојано болни. Има болен од туберколоза. Собите беа  полни со влага, стаорци шетаат наоколу, бубашваби неможеш да се свртиш,  а да не видиш. Ама на се сме се одлучиле само да не останеме на улица. Нема некој кој не го знае нашиот проблем, само немаат волја да го решат. Барам само едно собче, за да не се тресам секоја вечер дали некој ќе тропне и ќе побара да се иселам. Ги молам сите кои можат да помогнат да не не остават сами. Скапотија е, едвај преживувавме до сега, а од сега буквално ни е пресудено”- вели Шукрие.

Очајот и неизвесноста за овие семејства продолжува. Дел од станарите во напуштените општински бараки сеуште се вртат околу нивните домови со надеж дека додека багерот не стигне до нив ќе се најде решение за нивниот проблем. Очекуваат институциите да реагираат и да најдат трајно решение за нивните маки.

Засега нема одговор ниту од ресорното министерство  ниту од општината зошто земјиштето е продадено на приватен инвеститор од Тетово и каде ќе завршат овие семејства. Инвеститорот им дал рок до вторник да се ислеат – потоа бараките ќе бидат срушени.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг