НИКОГАШ ПОЕВТИНО: Куќа може да се купи и за 1000 евра
Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2017
Во околината на Рашка во Србија куќите на село се екстремно евтини и може да се купат за само 1000 евра.
Куќите се продаваат за многу ниски цени. Во некои села тие чинат од 2500 до 5000 евра.
Со овие пари може да се купи само половен автомобил, а куќа од 1000 евра некои граѓани на Србија можат да си ја дозволат само со една плата.
Во земјата има 1034 села во кои има околу 150.000 празни куќи.
„Понудата е голема, а побарувачката е никаква. Тоа се куќи во кои може да се живее, куќи со покуќнина“ - вели Златица Стојановиќ од Агенција за недвижности.
На куќите кои се продаваат нема табли, затоа што постои страв од кражби.
Евтини куќи има и во околината на Банат. Се продава и земјоделско земјиште, но за него интересот е помал.