Никогаш поевтино „преку барата“: Од Америка до Европа ќе има летови за 99 долари
Објавено во: Свет 27 Јули, 2017
Скандинавската авио-компанија „Примера ер“ решила на своите патници да им понуди карта од Америка за Европа по цена од 99 долари.
Среќните патници за источните брегови ќе може да летаат од аеродромот „Newark Liberty“ во Њу Џерси до една од трите европски дестинации кои ги изберат-Бирмингем Париз или Лондон.
Како европските ниско тарифни авиокомпании со најевтини авиокарти, патниците по таа цена ќе може да внесат багаж до 10 кг.