ЖЕСТОКА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ТРКА: НИКОЛИЌ КОНТРА ВУЧИЌ-Порачал: Нема повлекување!
Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2017
Претседателот на Република Србија Томислав Николиќ ќе се кандидира на претстојните претседателски избори.
Одлуката да се кандидира актуелниот српски претседател ја донел синоќа на прославата на својот 65 роденден, пренесуваат српските медиуми.
Николиќ изјавил дека не е изненаден од „исходот на гласањето“ на претседателството на Српската напредна партија, со што му е дадена поддршка на кандидатурата на лидерот на партијата Александар Вучиќ на претседателските избори, но и останал недокажан на прашањето дали ќе се кандидира за претседател на Србија. Нема узмицања ни повлачења #DanDrzavnosti #Srbija https://t.co/erKbCUYXdD pic.twitter.com/SjRz4AIwIn
На прашањето на новинарите дали се откажал од кандидатурата , Николиќ кратко одговорил:
„Ќе се договориме ...“.
Тој исто така рекол, на прашањето како ги коментира наводите на медиумите дека неговиот син ја поддржал кандидатурата на Вучиќ дека Радомир Николиќ, го „изнел својот став на подготвителниот состанок“.