23 Април, 2024
0.0345

Николиќ: Србија не треба да презема контрапотези кон Македонија

Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Томислав Николиќ во интервју за РТС изјави дека српската политика кон признавањето на уставното име, суверениетот и територијалниот интегритет на Македонија не смее да се промени.

Николиќ смета дека Србија не треба да презема контрапотези кон Македонија. Вели дека Србија нема да се одмаздува на помалите земји. 

,,Македонија се замери со нас. Но, ние имаме добри односи со нив. Ние мораме да ја зачуваме Македонија. Нам ни треба Македонија. Тие се во голем хаос. Толку ми е жал, не знам воопшто дали некогаш ќе формираат влада. Отстранети ли се таблите од граничните премини? Видете тоа беше една од причините зошто во Брисел, во пријателски разговор се скаравме Иванов и јас. Тој праша: Зошто сте ставиле табла на која пишува Бивша Југословенска Република Македонија, кога сте ја признале Македонија, под името Македонија? Јас му реков: Знаете, Грците го правеа тој пат и за отворањето тие ја ставија таблата, со желба луѓето кои патуваат од ЕУ да знаат каде доаѓаат. Бидејќи ако напишете Македонија, луѓето од ЕУ не знаат каде дошле. Таа држава не постои во ЕУ. Значи напишале така како што ви се обраќа целата ЕУ и сите други, освен Србија. И зошто тоа сега вам ви пречи. Нормално, тој после збудале’’- објаснува Николиќ.

Како што изјави Николиќ, Иванов прилично лошо му се правдал дека македонскиот амбасадор во УНЕСКО бил Албанец и гласал спротивно од неговата директива. Но, Николиќ смета дека и за новото гласање за членство на Косово во УНЕСКО проблем ќе бидат и Грција, Иран, Алжир, Египет и други земји чии претставници излегле за време на гласањето, што значи дека ќе треба повторно да работат на нивно убедување. 

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа