Николиќ свика вонредна седница на Советот за безбедност - има две причини
Објавено во: Балкан 09 Март, 2017
Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска свика вонредна седница на Советот за безбедност поради иницијативата на Косово да формира армија и одлуката на косовскиот Парламент да го прекине дијалогот со Белград до ослободување на поранешниот премиер Рамуш Харадинај.
Седницата ќе се одржи в понеделник, на 13 март. Косовскиот претседател Хашим Тачи вчера изјави дека Приштина ќе продолжи да ги реформира безбедносните сили во редовна армија, независно од реакциите на САД и на НАТО. Тој соопшти дека Европа не треба да стравува од косовската армија туку од руски воени бази во Србија, од руските авиони МиГ и од руските воени вежби во Србија.
Парламентот на Косово денеска изгласа резолуција со која се бара безусловно ослободување на поранешниот косовски премиер Харадинај, кој е приведен во Франција по распишана потерница од Србија, под обвинение за извршени воени злосторства. Со резолуцијата се бара и прекин на дијалогот со Белград, доколку не биде исполнето барањето.