29 Март, 2024
0.0250

Николовски ги информираше ловните друштва како ќе го унапредуваат ловството

Објавено во: Агробизнис 11 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во пресрет на почетокот на годинешната ловна сезона, во Пехчево како еден од ловните региони во Македонија, ги информираше ловните друштва за активностите кои ги презема Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а кои се во насока на унапредување на ловството како сектор и заштита на дивечот во репроцентрите.

Она што во моментов најмногу ги мачи ловните друштва е полагањето на ловечкиот испит, за што Николовски рече дека како ресорно министерството интезивно работат на олеснување на целиот процес.

„Во таа насока, ве информирам дека веќе во процедура е измената на Законот за ловство, во делот на полагање на ловечкиот испит, со што полагањето ќе биде многу поедноставено од сегашниот начин на полагање. Досега се полагаше електронски и целиот процес беше комплициран и со низа дополнителни трошоци за кандидатите. Сега, со измените, ќе се врати претходната  форма на полагање на ловечки испит, односно ќе се укине електронското полагање, и кандидатите кои сакаат да имаат ловечеки испит, ќе полагаат по поедноставена процедура. Исто така со измените нема да има временски рок за полагање на испитот, односно истиот ќе се полага во текот на целата година. Ова е едно нашите ветувања кои се содржани и во Програмата на Владата.  Ние затекнавме состојба на изминат договор со дотогашниот Испитен центар, немаше спроведено нова јавна набавка, со што не можеше да се спроведе полагањето. И затоа пристапивме кон измена на Законот. Бидејќи се наоѓаме во изборен период, очекуваме најоптимално, усвојувањето на законските измени да биде следниот месец, и првото полагање на ловечки испит да биде најрано во декември или јануари следната година. Ве уверуваме, дека новата Комисија ефикасно ќе ги спроведе испитите по градовите, а над 1.300 кандидати ќе имаат можност да полагаат со истите претходно доставени апликации и без никакви дополнителни трошоци“ - рече Николовски. 

Тој додаде дека во делот на концесиите за ловиштата, договорите кои се склучени мора да се спроведат, а за ловиштата кои што не се досега доделени концесии ќе се објави конкурс за доделување. На тие кои што допрва ќе им истечат концесиите, за истите исто така ќе има јавен конкурс.

„Јавните конкурси за доделување на новите концесии за ловишта ќе бидат објавени по завршувањето на нивниот ловно-стопански период и после изборите. Исто така, во делот на процесот на доделување на концесии за стопанисување со ловиштата,  Владата планира реално да им помогне на концесионерите преку унапредување и доделување на повеќе средства за Програмата за развој и унапредување на ловството како и за одгледување и заштита на дивечот  во репроцентрите. Досега за истата се издвојуваа минимални средства, само за плаќање на обврските на државата кон две до три државни ловишта“ - изјави Николовски. 

Преку оваа Програма ќе се финансираат разни мерки кои би помогнале како на концесионерите така и за одржливо користење на дивеч во ловиштата, и крајно унапредување на ловството.

Во Македонија има 266 ловишта од кои 122 се за крупен и 144 ловишта за ситен дивеч. Дивечот е во државна сопственост и како добро од општ интерес за Република Македонија, ужива посебна заштита на начин и под услови утврдени со Законот за ловство и Законот за заштита на природата.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи