29 Март, 2024
0.0256

Николовски го обвини МЗШВ дека не го користеле ИСАК системот за исплата на субвенции

Објавено во: Агробизнис 31 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Опозицијата денеска со низа обвинувања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Овој пат обвинувањата се за некористењето на софтверот за директни плаќања за исплата на субвенциите.

Исплатата на субвенции и ИПА средства на земјоделците не се врши преку Интегриран систем за администрација и контрола (ИСАК), платен 778.000 евра од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и даден на користење на Платежната агенција, обвини дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

„Согласно член 48 од Законот за земјоделство и рурален развој спроведувањето на мерките за директни плаќања може да се врши преку системот ИСАК. Во 2012 година е донесен Правилник за начинот и функционирањето на овој систем, според кој за правилно функционирање и непречена размена на податоци МЗШВ треба да склучи меморандум и договори со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Агенцијата за катастар на недвижности и Агенцијата за храна и ветеринарство заради користење на нивните бази на податоци, особено податоци за земјоделски парцели и бројната состојба на животните и нивна идентификација“, посочува Николовски. 

Тој рече дека конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија за периодот 2014 година, констатира дека не се презентирани склучени договори за соработка на МЗШВ со Платежната агенција, Агенцијата за катастар на недвижности и АХВ, што не се во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој и влијаат на правилното функционирање на системот.

„Ревизорот констатира дека поради нефункционалноста во софтверот за директни плаќања изборот на примерок за контрола се прави со помош на ексел табели и со користење само на два од седум критериуми. Констатира и одобрување на неавторизирани налози за исплата на субвенции кои ги нема во прегледот на донесени решенија за одобрување на исплата, но се реализирани“, истакнува Николовски.

Тој ги запраша надлежните зошто не биле потпишани договори за соработка меѓу институциите и зошто тоа се случува во време кога имаме локални, претседателски и парламентарни избори.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи