29 Март, 2024
0.0241

Николовски: Капацитетите на АПРЗ ќе се стават во функција на земјоделците

Објавено во: Агробизнис 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Битола оствари средба со новиот директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ),  Зоран Стојчевски и со вработените во АПРЗ. На средбата беа лоцирани моменталните слабости на Агенцијата, и при тоа се дефинираа следните чекори за јакнење на оваа важна институција за земјоделците.Министѕерот Николовски истакна дека Капацитетите на АПРЗ ќе се стават во целосна функција на земјоделскиот сектор и на создавање и поддршка на модерно и конкурентно производство, согласно надлежностите на АПРЗ, а тоа се информирање,едукација и целосна соработка со земјоделците.

„Цврсто сме убедени дека на високо ниво е оваа  Агенција да функционира на највисоко можно ниво со воведување на нови стандарди во своето работење,а во функција на развојот на земјоделството и на поддршката на земјоделците.Затоа Владата на Република Македонија презема конкретни чекори и заедно со Владата на Република Словенија е договорена конкретна соработка која што ќе биде развиена меѓу двете Влади, а која што ќе се однесува на целосно реформирање, реорганизирање и зајакнување на капацитетот на АПРЗ со целокупна поддршка од Владата на Република Словенија. Сметам дека овој договор во следниот период ќе вроди со плод.Предвидено е  дојдат експерти од кои ќе ни биде понудена и техничка и целокупна поддршка, се со цел советодавната служба во Македонија да биде организирана на ниво и начин на кој што тоа го работат и земјите од регионот и земјите од Европската унија“, изјави министерот Николовски.

На средбата присуствуваа и вработените од АПРЗ, со кои министерот разговараше за можностите и плановите, за јакнење на оваа Агенција која што е од исклучително значење за развојот на земјоделството.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи