25 Април, 2024
0.2135

Николовски на почетокот на следната недела вети субвенции за овоштарите

Објавено во: Агробизнис 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

МЗШВ е свесно за состојбата во која што се наоѓаат овоштарите од Преспанскиот регион. Токму затоа се прават напори да се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања, соопштуваат денес од министерството.

„Едно од нивните барање и причина за револт се дел од неисплатените субвенци, и затоа ги информираме  дека денеска се изготвени решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари кои производителите ќе ги добијат на почетокот на следната недела“, посочуваат од кабинетот на министерот Николовски.

Што се однесува околу исплатата на обештетувањето за ланските пролетни мразеви во Преспанскиот регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  подготви Информација која ќе се разгледува на една од следните владини седници. 

„Воедно, ги информираме и останатите земјоделци, дека освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на земјоделците и земјоделското производство како важна стратешка гранка. Владата на Република Македонија ќе делува континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно“, се истакнува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари