19 Април, 2024
0.0254

Николовски најави дека месецов сите земјоделци ќе ги добијат субвенциите

Објавено во: Агробизнис 14 Август, 2017

Добивај вести на Viber

До крајот на месецот се очекува сите земјоделци да ги добијат субвенциите, соопшти денеска министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Николовски информира дека за два месеци се исплатени 50 милиони евра субвенции, а за реализација остануваат уште 15 милиони за кои веќе се подготвени решенија. Проблем за нивна исплата е тоа што контролите покажале несовпаѓање на пријавеното со состојбата на терен.

„Оние производители кои поради некоја причина нема да добијат субвенции, да се обратат до Платежната агенција за да се детектира проблемот и да се надмине“ - изјави Николовски.

До крајот на 2017 година ќе бидат исплатени и дополнителните шест милиони евра поддршка, за млад земјоделец и за подигање нови повеќегодишни насади.

Со Програмата за 2017 година ќе се исплатат и нови два милиона евра субвенции за пченица, јачмен, лозарство, овоштарство и фуражни култури. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари