21 Февруари, 2018
0.4845
    ALK 7801.99    -1.64%     BESK 10275    -3%     GRNT 810    -0.06%     KMB 3389.73    -0.22%     MERM 800    -20%     MPT 29500.63    0%     OKTA 3620    0.56%     RMDEN16 94.9    0.11%     RZUS 139    3.73%     SBT 2041    -2.86%     STB 940.85    0.03%     STIL 139.03    -4.1%     TETE 2286.67    2.27%     TKVS 3110    2.98%     TNB 13581.59    -0.42%     TPLF 1649.9    1.35%     TTK 947    -2.97%     UNI 2050    0%

Николовски потпиша свечена изјава за поддршка на Европската декларација за развој на производството на соја без ГМО

Објавено во: Агробизнис 19 Јануари, 2018

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во рамки на саемот „Зелена Недела“, во Берлин, Сојузна Република Германија, на формалната церемонија за потпишување на Европската декларација за соја, организирана од страна на министерот за земјоделство на Унгарија, г-дин Шандор Фазекеш, потпиша свечена изјава, со која Македонија дава поддршка на оваа Европска декларација за соја.

Потписници на заедничката Декларација се Австрија, Хрватска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Луксембург, Холандија, Полска, Романија,Словачка и Словенија. Со оваа декларација се дава поддршка на зголеменото производство на  соја и други легуминозни култури за храна и добиточна храна, како придонес за развој на поодржливи и поеластични земјоделски системи во Европа, како и поддршка на Агендата 2030 на Обединетите Нации и Стратегијата за одржлив развој на Европската унија.Мерките кои се опфатени со оваа декларација се во насока на борба против гладот, подобрување на процесот за обезбедување храна, подобрување на исхраната и унапредување на одржливото земјоделство. Но, исто така со декларацијата се предвидува заштита, враќање и унапредување на одржливото користење на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, борбата против уништувањето на шумите и запирање на губењето на биодиверзитетот. Мерките донесени од страна на потписниците, треба да обезбедат  информации за потрошувачите, за промовирање растителни протеини, попрецизна исхрана на добитокот за да се зголеми ефикасноста на употребата на протеини за исхрана, поефективна употреба на други Европски извори на протеини како што се оброци од семе од репка и сончоглед, и нус-производи како што се нус-производи од остатоците од зрната, да ја зајакнат поддршката за сертификација на одржливо -произведена соја и храна увезена од други делови на светот, за да се задоволат останатите потреби за кои има  побарувачка. Поради растечкиот интерес кај потрошувачите за производи без ГМО, особено оние од животинско потекло, потписниците прават напори да го нагласат зголемувањето на изборот на потрошувачите во однос на храната без ГМО и добиточната храна. Токму затоа тие го поддржуваат понатамошниот развој на пазарите за одржливо одгледување на соја без ГМО и производи од соја, како и воспоставување на систем за транспарентно етикетирање на производите врз основа на уверение за производствени стандарди.

Воедно, денеска министерот Николовски го посети штандот на Република Словенија, каде што имаше билатерална средба со словенечкиот министер за земјоделство, шумарство и храна и заменик-претседател на Владата на Р.Словенија, Дејан Жидан. На средбата, министерот Жидан го  информираше министерот Николовски, за претстојната меѓународна конференција -“Првиот светски ден на пчелата“, што на 20-ти мај годинава ќе се одржи во Словенија, за кој Словенија поднесе иницијатива до Обединетите Нациии истата е прифатена. Но, исто така на средбата, двајцата министри разговараа за подготовките и активностите поврзани со 56-тото издание на саемот „Агра“ во Горна Радгона, на кој што Македонија е земја партнер, а ќе се одржи во август годинава.Дел од темите беа и во врска со активностите за првата советодавна мисија „Зајакнување на капацитетите на релевантните институции за LEADER пристапот и воспоставување на ЛАГ-ви“, како и за следните активности и мисии во врска со поддршката од Словенија. Министерот Николовски, денеска имаше средба и со Сојузниот министер за храна и земјоделство на Германија, Кристиан Шмит, на која што разговараа за актуелната тема на годинешниот „Глобален форум за храна и земјоделство“, што е во склоп на саемот „Зелена Недела“,  односно иднината на глобалното диверзифицирано сточарско производство.

Можеби ќе ве интересира

Ресертифициран системот за квалитет на АХВ

Ресертифициран системот за квалитет на АХВ