19 Февруари, 2018
1.6430
    ALK 7932.13    -0.83%     CKB 600    15.38%     GRNT 810.5    -1.16%     KMB 3397.19    2.23%     LOZP 2400    14.29%     MPT 29500    0%     MTUR 4200    0.02%     OKTA 3600    -2.7%     RMDEN16 94.8    0%     RZIT 20    0%     RZLV 50    -5.66%     SLAV 3600    -40.98%     TETE 2236.02    3.04%     ZPKO 2812    -1.22%

Николовски: Производителите на ориз ќе добијат зголемена субвенција од 18 илјади денари по хектар

Објавено во: Агробизнис 01 Октомври, 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочански ориз“ во Кочани. Со симболично зажнејување на оризот на нивите на Институтот за ориз во Кочани, министерот Николовски и официјално го означи почетокот на годинешната жетва на ориз. Денеска на денот на оризот, министерот Николовски им порача на производителите на ориз дека ќе добијат зголемена субвенција од 18 илјади денари по хектар, за што Владата ќе донесе одлука.

„Со ваквото значително зголемување на субвенцијата, сакаме да ги мотивираме оризопроизводителите, но и покажуваме колку ни е важна оваа култура, која е карактеристична за овој регион и од која егзистираат многу семејства.Освен зголемувањето на субвенцијата во наредниот период ќе работиме на обезбедување непречен пласман на оризот, но и изнаоѓање на нови пазари“, изјави Николовски.

Според податоците од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, досега за мерката за засеана површина со ориз се исплатени 80 милиони денари субвенции, а  за произведена и предадена арпа 15 милиони денари, или вкупносе исплатени 90 милиони денари субвенции за ориз. 

Министерот Николовски посочи дека во рамки на соработката на земјите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина, формирана е Асоцијација за промоција на земјоделството со седиште во Софија, во која членува и Република Македонија. Преку Асоцијацијата, во наредниот период се планирани  неколку проекти, меѓу кои многу значаен е проектот за поставување на демонстративно поле за одгледување на нови хибридни сорти ориз со потекло од Кина, кои се карактеризираат со висок квалитет и значително поголеми приноси.

„Подобрувањето на сортниот состав на оризот како важна житна култура за Република Македонија, согласно барањата на пазарите е неопходно доколку сакаме да го зголемиме пласманот и неговата конкурентска способност.За таа цел, ќе отпочне соработка меѓу Националниот истражувачки центар за хибриден ориз од Кина од каде ќе биде пренесена оваа напредна технологија на производство, Земјоделскиот универзитет од Пловдив, Бугарија и Институтот за ориз во Кочани, во чии рамки се планира реализацијата на овој предлог проект“, потенцираше министерот Николовски.

На денешната присуствуваше и  амбасадорката на НР Кина во Република Македонија, Лин Лисјен, како иунгарскиот амбасадор Ласло Дукс .

Во втората половина на месецов претставници од Кина и од Бугарија ќе дојдат во посета на  Институтот за ориз во Кочани, за да ја  согледаат состојбата и да се утврдат понатамошните чекори за отпочнување на проектот.

Министерот Николовски посочи дека Владата ќе работи на создавање на производство со висока додадена вредност, кое ќе биде конкурентно на странските пазари и дека тоа може да се постигне во производството со ориз, за што од исклучително значење е поддршката на научно – истражувачките проекти за примена на напредни техники и технологии на земјоделското производство кај поголем број земјоделски култури кои успеваат во Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Ресертифициран системот за квалитет на АХВ

Ресертифициран системот за квалитет на АХВ