20 Април, 2024
0.0262

Николовски: Сите производители на лубеница ќе добијат неселективна исплата на дополнителната субвенција

Објавено во: Агробизнис 13 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија, на почетокот на месецот, донесе одлука  за дополнителна субвенција од два денари за килограм лубеници продадени кај регистрирани откупувачи ,со цел да се ублажи ценовниот шок од ниската откупна цена на лубениците.

Изминатиов период, веднаш штом започнаа проблемите со откупот на лубениците, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се сретна и со производителите на лубеници и со откупувачите. Откако се слушнаа проблемите и барањата на земјоделците, веднаш следниот ден Владата, за да се стабилизира пазарот, донесе одлука за дополнителна субвенција од два денари за килограм продадени лубеници кај регистрирани откупувачи. Дополнителната субвенција ќе овозможи стабилизирање на пазарот со откуп на лубеници во периодот од 03.07.2017 до 15.07.2017 година. 

Условите што треба да ги исполнат земјоделците за да добијат дополнителна субвенција за лубениците се следниве:

·  Да имаат засадени површини со лубеници и да се корисници од подмерката 1.5 за продадени лубеници на регистрирани откупувачи.

·  Производството да е продадено на регистрирани откупувачи во периодот од 03.07.2017 до 15.07.2017 година, по откупна цена не повисока од 4 денари по килограм и за истото да е извршена исплата.

При пресметката  на директните плаќања се земаат во предвид само количините кои не надминуваат 50.000 килограми по хектар.

Сегашното намалување на откупната цена на лубеницата е очекувано и е резултат на падот на продажната цена на лубеницата на пазарите каде што извезуваме лубеници.Токму од овие причини беше донесена и дополнителната субвенција за продадени лубеници на регистрирани откупувачи. Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ќе ја следи состојбата на терен.

Како ресорно министерство, порачуваме, дека на сите производители на лубеници кои што ги исполнуваат условите за дополнителната субвенција, неселективно истата ќе им биде исплатена. Владата на Република Македонија ќе делува континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари