Николовски ветува зелена нафта за земјоделците
Објавено во: Агробизнис 07 Октомври, 2017
Зелена поевтина нафта за земјоделската механизација која ќе можат да ја користат земјоделците од наредната година, најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски синоќа од беровското село Смојмирово.
„Напрвени се законски измени во консултација и со стручни лица и со земјделски здруженија за да се креира законот за зелена нафта. Вклучени се сите чинители и по изборите ќе влезе во владина процедура и вистинските земејоделци ќе користат поевтина зелена нафта за механизацијата“, истана Николовски.
Тој додаде дека почна да се реализира ветувањето за зголемување на процентот исплатен за земјоделците.
„Ќе ги зголемиме субвенциите за 20 отсто по хектар до крајот на мандатот, а веќе направивме измени за 10 отсто зголемување. И за оваа 2017 година ќе има 10 отсто поголеми субвенции за фуражни култури, за овоштарство, лозарство и тоа е потврда дека во 2018 година ќе исплатиме поголем зејоделски буџет и ќе исплатиме повеќе пари на вистинските земјодлци“, додаде Николовски.