20 Април, 2024
0.0257

Николовски во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ

Објавено во: Агробизнис 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, од утре во следните два дена во Јахорина, Босна и Херцеговина,  ќе учествува на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа. Годинава состанокот е во oрганизација на Владата на Босна и Херцеговина, како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа –SWG.

Министрите за земјоделство од ЈИЕ и шефовите на делегациите ќе се соберат во Јахорина за да разговараат за иднината во секторите за земјоделство и рурален развој во регионот на ЈИЕ и да го елаборираат процесот на регионална соработка во тие области.

Во рамки на министерскиот состанок во Јахорина, ќе се разговара и за значењето на процесот на интеграција во Европската унија на земјите од Западен Балкан, како фактор на напредокот во земјоделството и руралниот развој.

Министерот Николовски на состанокот ќе ги презентира стратешките цели на Владата во областа на земјоделството и руралниот развој, како и состојбата со искористувањето на финансиските средства од ИПАРД Програмата.

Следната година претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа ќе биде Македонија, и по тој повод, како земја домаќин, овој министерски состанок ќе се одржи во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари