Добивај вести на Viber
Нисан се истакна како компанија која оствари најголем скок на листата на „Best Global Green Brands“ во извештајот на „Interbrand“. Компанијата сега е рангирана на 5-то место, односно се искачи за 16 места, во однос на минатогодишната позиција.
Притоа Нисан е прогласен за еден од најзелените брендови во светот за 2013 на третиот годишен извештај „Best Global Green Brands“.
Лидерот при мобилноста со нулта емисија, 100-процентниот електричен автомобил „LEAF“, придонесе Нисан да биде рангирана на 5-то место од 50-те селектирани марки во извештајот.
Нисан се стреми активно да придонесува за одржлив развој на мобилноста и општеството, па истовремено следеше и профитабилен раст, пишува
Авто Плус и додава дека еден од главните столбови на корпоративната и еколошка стратегии на компанијата е одржувањето лидерство кај електричните автомобили.
Со продадени до крајот на мај 2013 над 65.000 возила „Nissan LEAF“, тој се претвора во најпродаван електромобил во историјата.