Низ Македонија поминуваат главните рути на хероинот во Европа
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2017
Хероинот кој се произведува во Авганистан до европските пазари стигнува преку две главни рути од кои дел од шверцот е и Македонија, , се вели во извештај на на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦЦДА), агенција на Европската унија, за 2017 година.
Првата рута за шеврц на хероин е Турција-Бугарија-Македонија-Албанија, а втората Турција Бугарија-Македонија-Косово-Албанија.
Според податоците на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦЦДА), хероинот, во најголем дел, се транспортира со камиони, автобуси, автомобили, но и на други начини.
Понатака, агенцијата на ЕУ во својот изветај наведува дека Албанија е земја најголем произведувач на канабис во регионот. Според ЕМЦДДА, главни конусменти на албанскиот канабис се нејзините соседни држави во западен Балкан., но и земјите од Европската унија.