Nokia ја тресат оставки: Зошто директорот се повлекува од фунцијата?
Објавено во: Свет 21 Јули, 2017
Главниот извршен директор на финската компанија HMD Global која ги поседува правата да го користи брендот Nokia за своите мобилни телефони и таблети, поднел оставка во средата, соопшти Fortune.
Арто Нумела ја ослободил функцијата веднаш. Претседателот на компанијата Флориан Сејшели привремено ќе го заземе и испразнетото место од Нумела .
Портпаролот на HMD коментира дека повлекувањето на досегашниот директор беше лично прашање меѓу него и одборот на директори, но одби да даде детали.
Производите на финската компанија се произведуваат од фабрика на Foxconn. HMD минатата година ги стекна од Microsoft единиците за производство и дистрибуција на поранешниот производител Nokia.