Nokia подготвена да се „судри“ со Apple и Samsung
Објавено во: Економија 11 Март, 2017
HMD Global откако направи одличен камбек за Nokia со евтините модели сега е спремен да се „судри“ со Apple и Samsung во премиум класата.
Затоа ги подготвува првите премиум смартфони со Android Nougat оперативен систем, па се очекува новата Nokia 8 да биде моќна како Samsung Galaxy S8 со идентичен осум-јадрен Snapdragon 835 процесор, 4 или 6 GB RAM, 64 GB или 128 GB меморија, како и супер камера со 23 мегапиксели.
Претстојните Nokia 8 смартфони ќе имаат две различни големини на екранот од 5,2 и 5,7 инчи што е слично на понудата на Samsung со основен и плус модел, секако со Quad HD резолуција од 1440 х 2560 пиксели. Nokia 8 моделите ќе пристигнат пред почетокот на есента.