Добивај вести на Viber
План за спојување со францускиот конкурент „Alcatel-Lucent“ готват менаџерите на „Nokia“.
Финската компанија ќе бара нови перспективи за развој во сегментот на мобилните телефони.
Според најавите „Nokia“ разгледуваат две варијанти на трансакцијата, купување на целата француска фирма или само производството на мобилните уреди, што според експертите чини од 1.1 до 1.5 милијарди евра.
Гласините за спојување на „Nokia“ и „Alcatel-Lucent“ се појавија во јавноста уште пред пет години. Причината за тоа е дека двете компании се обидуваат да се борат со конкуренцијата на „Ericsson“ и на азиските снабдувачи на евтина техника за безжична конекција „Huawei“ и „ZTE“.