28 Март, 2024
0.0251

Ноќевање во најлуксузниот апартман во светот чини „само“ 65.000 евра?!

Објавено во: Стил 31 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Богатите и славни личности, меѓу кои се и Ричард Бренсон, Ријана и Бил Гејтс, многу често го избираат брегот на Женевското езеро за да се повлечат од јавноста и да се одморат. Кралскиот пентхаус на хотелот „Президент Вилсон“ во Женева е веројатно најскапиот и најлуксузниот апартман во светот, каде ноќевање чини неверојатни 60.000 евра. Апартманот, кој го зафаќа целиот осми кат од хотелот, е со површина од 1.670 метри квадратни и нуди поглед кон Женевското езеро и Алпите. Парфеми мирисаат зад гардероберот во сите 12 спални соби, од кои секоја има бања, а гостите на располагање имаат соба за вежбање, џакузи, маса за билјард и клавир „Стенвеј“. Покрај сето тоа, апартманот е опремен со извонредни уметнички дела, а се послужувани од приватни батлер, готвач и чувар. Причината заради која овој апартман честопати е избор на познатите личности е и таа што има одлично обезбедување, па негови гости биле принцот Алберт Втори од Монако, поранешниот советски лидер Михаил Горбачов и египетскиот диктатор Хосни Мубарак. Со цел ВИП-гостите да се чувствуваат сосема безбедни, во сите ходници и влезови во апартманот се поставени камери, вратите се засилени со челик, а прозорците се направени од непробојно стакло. Во апартманот, инаку, можат комотно да преноќат 23 гости.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи