29 Март, 2024
0.0293

Nomad – нова специјализирана продавница за врвни светски брендови на велосипеди

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Минатиот четврток со неформален настан за пријатели и бизнис соработници беше отворена Nomad, нова специјализирана продавница за велосипеди од најпосакуваните светски брендови, најсовремена велосипедска опрема и врвен професионален сервис, лоцирана на ул. ,,Св. Кирил и Методиј“, спроти старата Железничка станица во заградата на Аутомакедонија.

Nomad е прва продавница од овој вид во регионот, hi-tech продажен центар каде што можат да се најдат велосипеди, велосипедска опрема и тротинети од врвни светски брендови како што се Ghost, Haibike, Winora, Micro, Thule, Kreidler, Alpina, Axa, SKS и многу други. Покрај велосипеди, во Номад може да се пронајдат скии и скијачка опрема, сноуборди и сноуборд опрема и што уште не...

Новитет на нашиот пазар се е-велосипедите, иновативни, практични и многу поважно од сè, еколошки превозни средства кои за првпат во Македонија се достапни во Nomad.


Nomad е надополнување на Scout Оutdoor Shop,продавница за спортска и рекреативна опрема за ентузијасти кои сакаат да истражуваат во природа, со богат избор на опрема за планинарење, алпинизам, кампување, опрема за спортови на вода и слично. За прв пат во земјава и регионот Nomad поставува стандарди во велосипедизмот, со визија за иднина со повисока свест за практикување вакви активности и унапредување и развој на инфраструктурата.

По принципот „сè на едно место“, Nomad не вклучува само производи од реномираните брендови, туку и професионален сервис, со искусен и посветен тим, подготвен да одговори на сите барања. Тимот на Nomad e високо квалификуван, со врвни познавања од областа на велосипедите, опремата, како и сите останати производи што можат да се најдат во Nomad. Нивното знаење и искуство се секогаш достапни за купувачите кои со сигурност ќе го пронајдат совршениот велосипед.

Во пријатен амбиент присутните се запознаа со исклучителните модели на брендовите кои може да се најдат ексклузивно во Nomad, како и со разновидната опрема за велосипеди и аутдор активности. Тимот на Nomad верува во квалитетот на производите што ги нуди. Затоа, за првпат во Македонија и регионот Nomad пред продавницата постави патека за пробно возење на велосипеди и тротинети, на која заинтересираните можат веднаш да се уверат во квалитетот и перформансите на производот што сакаат да го купат.

Nomad може да ги најдете и на Фејсбук на нивната официјална фан страница Nomad Mobility, каде ќе ги најдете сите информации кои ви се потребни.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија