21 Ноември, 2017
0.4196
    ADIN 540    -1.82%     ALK 7350    -0.51%     BESK 10300    0%     CEVI 912    0%     FERS 57750    -2.94%     GRNT 801    -2.95%     KJUBI 1400    -2.78%     KMB 2700    0%     LOTO 600    0%     MPT 26900    -0.37%     MTUR 4224    3%     OHB 4851.54    -0.17%     REPL 54800    0.37%     RMDEN11 96    -0.62%     RMDEN13 96.4    1.47%     RMDEN15 95    0.05%     STBP 600    -0.17%     TETE 1938    4.76%     TNB 13500    -0.01%     TTK 816    0.38%     UNI 1905    0%     ZPKO 2600    -2%

НОВ БУЏЕТСКИ КОЛАЧ: Дали поплавите ги потопија владините политики?

Објавено во: Економија 23 Август, 2016

Со образложение дека се потребни пари за отштета на граѓаните по основ на поплавите, а само неполн месец откако Владата на странските пазари позајми 450 милиони евра преку издавање на Еврообврзница – се скрои нов, ребалансиран Буџет. Владата го достави во Собранието во пакет со предлогот за негово изгласување по итна постапка. Во Ребалансот на Буџетот се посочува дека ќе се обезбедат 36,4 милиони евра за отштета, иако претходно премиерот Емил Димитриев изјави дека за оваа намена се потребни 33 милиони евра. “Со Измените и дополнувања на Буџетот на Република Македонија за 2016 година се обезбедуваат дополнителни средства во износ од 2.240 милиони денари за постојана резерва за надминување на последиците од настанатата елементарна непогода. Дополнителните средства наменети за санирање на штетите делумно се обезбедуваат со заштеди од одредени позиции кај буџетските корисници, а делумно со зголемување на буџетскиот дефицит“ - се вели во предлог Ребаланс на Буџетот. Буџетскиот дефицит подлабок, повеќе пари за плати .. Со новите проекции буџетскиот дефицит се продлабочи, од 3,7% од БДП на 4% од БДП или во апсолутен износ тој ќе изнесува скоро 376 милиони евра што е за 31,5 милиони евра повеќе во однос на сегашните позиции. Буџетски дефицит: Буџет 2016 344,4 милиони евра Ребаланс на Буџет 375,9 милиони евра Владата до крајот на годината планира внатрешното задолжување да го одржи на исто ниво, надворешното да се намали, но затоа има зголемување на ставката кај државни депозити, односно до крајот на 2016 година ќе се посегне по трошење на парите од државната  сметка. Со предлогот, буџетските приходи остануваат на исто ниво од 2,8 милијарди евра, додека буџетските расходи се зголемуваат на 3,2 милијарди евра. На расходната страна, се зголемува ставката за плати и надоместоци. Така, до крајот на годината Владата само по овој основ планира да потроши 431 милион евра. Од друга страна, се намалуваат расходите за капитални инвестции за 3,3 милиони евра. Сега, со новиот буџетски предлог Владата за оваа намена планира да потроши При овој ребаланс има повторно кратење на капиталните расходи за 3,3 милиони евра и тие ќе изнесуваат 363 милиони евра. Намалување на трошењата за капитални раходи имаше и претходниот ребалан на Буџетот. Токму кај оваа ставка, според податоците за Извршување на Буџетот за јуни има и позначајно потфрлување. Имено, заклучно со првата половина од годинава нивната реализација изнесува само 27% од проекцијата. Каде се крати .... Со ребалансот на Буџетот, се намалуваат средствата за Влада на Република Македонија, Служба за општи и заеднички работи при Владата, помалку пари ќе има и Министерството за одбрана на ниво од 93.4 милиони евра. Со новиот предлог се намалуваат и средставата за Министерството за вантрешни работи на 180 милиони евра а со помалку апри ќе располагаат и Министрството за надворешни работи, Министерството за финансии но се зголемуваат тршењата на Министерството за финансии – функции на државата, од каде се сервисираат обврските на државата. Се намалува и буџетот на Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски, кој сега со ребалансот на буџетот ќе изнесува 55,6 милиони евра. Намалување има и кај раходите на Министерството за земјоделство, со намален буџет на 14,7 милиони евра. Средствата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството остануваат на исто ниво но се намалуваат на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. И Министерството за образование не го преживеа ребалансот, па така расходите на овој, еден од најглозамните резори, се сведуваат на 372 милиони евра. Со помалку пари ќе располага и Министерството за труд и социјална политика, чиј буџет ќе изнесува 645 милиони евра. Ребалансираниот буџет ги намали и средствата на Министрството за здравство и на Министерството за култура. Со ист буџет останува Министерството за економија, заедно со Агенцијата за промоција на туризмот, Дирекцијата технолошко индустриски развојни зони и Агенцијата за странски инвестиции. Реакции за Ребалансот и за задолжувањата... Во пакет со Ребалансот, пред пратениците е предлогот за измени на Законот за јавен долг. Од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов бараат засилена механизам на контрола при идните задолжувања. “Демократскиот сојуз достави Предлог на закон за промени на Законот за јавен долг со кој се предлага за задолжување на државата повисоко од 100 милиони евра наместо Владата да одлучува Парламентот. Неодамна, Владата најави дека преку издавање на еврообврзница, Државата ќе ја задолжи со 650 милиони евра или заедно со каматата вкупниот долг ќе изнесуваше една милијарда евра. Со цел да се спречи неконтролирано задолжување, се предлага Владата, самостојно во текот на една година, да може да ја задолжи Државата најмногу за 100 милиони,а над тој износ да одлучува Парламентот“ - велат од Демократскиот сојуз. На предложениот ребаланс реагираа од опозициската СДСМ од каде сметаат дека со овој потег Владата потврдува дека институциите се во хаос. “Граѓаните треба да знаат и дека оваа влада, не само што не сака да ги стави нивните елементарни потреби пред својот барок, не сака ниту да оддели 7% од противзаконската еврообврзница од 450 милиони евра што ја издаде пред неполн месец и планира во цел износ да ја потроши до крајот на годината. Владата глумејќи помош, наместо да вложи максимални напори да им помогне на настраданите граѓани, се обидува да си обезбеди 232 милиони евра за предизборни манипулации,“ соопштија од СДСМ. Инаку овој ребаланс на Буџетот следува неполн месец по задолжувањето од 450 милиони евра со еврообврзница и летното прекројување на државната каса, при кое повторно имаше зголемување на буџетскиот дефицит. Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

Потенцијалните инвеститори ќе вршат увид во „Фени“

Потенцијалните инвеститори ќе вршат увид во „Фени“

ТОП огласи за работа: Се нуди и пракса и работа од дома

ТОП огласи за работа: Се нуди и пракса и работа од дома

Доаѓа светското Black Friday шопинг лудило, што има кај македонските трговци?

Доаѓа светското Black Friday шопинг лудило, што има кај македонските трговци?

Зошто „Македонијатурист“ ја преполови оперативната добивка за пет години?

Зошто „Македонијатурист“ ја преполови оперативната добивка за пет години?

Најмоќната економија ја „кочи“ само недостиг на работници

Најмоќната економија ја „кочи“ само недостиг на работници

НАФТАТА ПАЃА: Колку чини „црното злато“ на странските пазари?

НАФТАТА ПАЃА: Колку чини „црното злато“ на странските пазари?

Доналд Трамп лаже дека е мултимилијардер

Доналд Трамп лаже дека е мултимилијардер

Како странците побудалеа по македонскиот мермер?

Како странците побудалеа по македонскиот мермер?

НОВ РЕКОРД: Незапирливиот биткоин ги преминува сите граници

НОВ РЕКОРД: Незапирливиот биткоин ги преминува сите граници