Добивај вести на Viber
Неколку часа пред изгласување на договорот за буџетска дисциплина во француското Народно собрание, 11 земји на ЕУ дадоа зелено светло за воведување на данок на финансиски трансакции. Со новиот данок, претседателот на Франција Оланд, се надева дека ќе го придобие собраниско мнозинство за усвојување на буџетскиот договор на кој се спротивстави дел од француската левица.
Во меѓувреме Оланд и претседателот на Шпанија, Маријано Рахој најавија дека 17-члената еврозона ги има сите потребни средства за решавање на должничката криза и дека само треба да ги исполни претходните дадени ветувања. Растот повторно ќе се врати, ако европските лидери ги решат прашањата за иднината на еврозоната, истакна Оланд.