НОВ ДОЛГ: Владата се задолжи повеќе од планираното
Објавено во: Економија 28 Март, 2017
Владата се задолжи повеќе отколку што се планираше.
Владата кај домашните кредитори денеска се задолжи со 6,56 милиони евра иако првично требаше да се задолжи со 4 милиони евра.
Парите се обезбедени преку аукција на државни обврзници, а рокот на отплата е 2 и 15 години.
Пред некој ден Владата го намали јавиот долг како резултат на ревидирањето на вредноста на домашниот бруто производ БДП.
Според тоа, јавниот долг беше намален за 2,3 процентни поени и изнесува 47,8% од БДП.
За утре не е закажано враќање на долг.