25 Април, 2024
0.0279

Подновете го својот дом

НОВ КЕШ КРЕДИТ НА ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ ЗА КУПУВАЊЕ ПРОИЗВОДИ ОД НЕПТУН

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал во своето портфолио воведува нов Кеш кредит наменет за купување на производи во Нептун, со промотивни услови во претстојниот период до 31.12.2017.

Имено, во рамките на промотивниот период, клиентите кои ќе го одберат овој Кеш кредит, имаат можност да купуваат производи во сите продажни места на Нептун во максимален износ до 120.000 денари. 

Аплицирањето за кредитот може да се врши директно, на самото продажно место на Нептун, или пак онлајн, преку веб страницата на Банката. Во рамките на промотивниот период, клиентите се ослободени од плаќање на административниот трошок за апликација за овој кредит. Дополнително, важна карактеристика на кредитот е дека има фискна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на отплатата. Апликантите за Кеш кредит за купување на производи во Нептун, не се обврзани да примаат плата преку Охридска банка Сосиете Женерал. Со цел уште повеќе да излеземе во пресрет на нашите клиенти, со овој наменски кеш кредит, им овозможуваме бесплатно осигурување на купените производи во првата година од отплатата на кредитот.

За уште повеќе да го олесниме купувањето на производи, воведовме и една бенефиција за имателите на Мастер Кард кредитните картички на Охридска банка Сосиете Женерал, односно во рамки на промотивниот период клиентите имаат можност да купуваат производи од Нептун до 12 рати без камата, најдоцна до 31.12.2017 година. 

Повеќе информации клиентите можат да најдат на веб-страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk и во експозитурите на Банката ширум земјата.

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan